Втор странски предизвик за македонскиот фудбалер

Чешмеџиев се пресели во Славија Софија

Константин Чешмеџиев е нов фудбалер на Славија Софија која денеска и официјално го претстави македонскиот фудбалер. 

Чешмеџиев во бугарскиот клуб оди како слободен играч откако му заврши договорот со Шкупи.
 
Чешмеџиев кој игра како дефанзивец, а може да игра и во средниот ред, во минатата сезона одигра 27 натпревари за Шкупи во ПМФЛ, имаше еден гол и една асистенција.
 
Тој претходно играше и за Шкендија, Македонија ЃП и Академија Пандев, а во странство настапуваше за Вележ од Босна и Херцеговина.
 
 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе