Премиерлига

Челси третпат во еден месец го победува Тотнем (ВИДЕО)

Челси со 2-0 го победи Тотнем во лондонското дерби, важен триумф за фудбалерите на Томас Тухел за враќање на загубената самодоверба. 

По поразот од Манчестер Сити и ремито против Брајтон, Челси го совлада Тотнем и освои три големи бода.
 
Ова е трета победа на Челси над Тотнем во овој месец откако сините двапати триумфираа во полуфиналните натпревари од Лига Купот.
 
Челси доминираше на натпреварот, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.
 
Во 47. минута Зијеш со перфектен удар погоди во самиот агол од голот на Лорис за водство на Челси од 1-0.
 
Осум минути подоцна Тиаго Силва реализираше со глава за конечни 2-0.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе