Ефикасноста на овој „Боксинг деј“ се прели и на Вила Парк каде беа постигнати четири голови.
Натпреварот не почна најдобро за Челси, во 28. минута Рис Џејмс си постигна автогол за водство на Астон Вила од 1-0.
Во 34. минута со гол од пенал на Жоржињо, Челси го изедначи резултатот на 1-1.
Во второто полувреме Тухел се реши во игра да го внесе Лукаку на местото од Чалоба и тоа се покажа како клучен потег.
Во 56. минута Лукаку даде гол со глава по асистенција од Хадсон Одои за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1.
Во судиското продолжение, Лукаку со страшен трк влезе во шеснаесетникот на Астон Вила каде беше фаулиран и изнуди пенал за својот тим.
Жоржињо уште еднаш беше прецизен од белата точка за победа на Челси од 3-1.