Премиерлига

Челси со пресврт до победа на Вила Парк, големи три бода во борбата за место во ЛШ (ВИДЕО)

Челси освои три многу важни бодови од гостувањето кај Астон Вила иако губеше по првиот дел, на крајот триумфираа со 2-1. 

Резултатот беше отворен во 43. минута кога Хаус најдобро се снајде во една мешаница пред голот на Кепа и постигна гол за водство на Астон Вила од 1-0.
 
Пулишиќ во игра влезе во 55. минута, а само пет минути подоцна го изедначи резултатот на 1-1.
 
Веднаш потоа Жиру даде гол за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1, тоа беше и конечниот резултат.
 
Со овие три бода Челси ја зголеми предноста на четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите, сега се на пет плус во однос на Манчестер јунајтед и Волвс.
 
Денеска претходно Њукасл со 3-0 го совлада Шефилд јунајтед. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе