Англија Лига Куп

Челси со нова победа над Тотнем го завери пласманот во финалето (ВИДЕО)

Челси го победи Тотнем и на негов терен, овојпат со 1-0 и се пласираше во финалето од Лига Купот на Англија. 

Челси со победа од 2-0 изборена на првиот полуфинален меч, отиде на гостувањето кај Тотнем. Момците не само што ја задржаа предноста, туку уште еднаш го победија противникот.
 
Единствениот регуларен гол на натпреварот беше постигнат во 18. минута кога по асистенција од Маунт, Ридигер погоди за победа на Челси од 1-0.
 
Во 64. минута и Тотнем даде гол преку Кејн, но погодокот беше поништен со ВАР поради офсајд.
 
Десетина минути претходно беше досуден пенал за Тотнем, но по интервенција од ВАР одлуката беше променета.
 
Во финалето Челси го чека подобриот од дуелот меѓу Ливерпул и Арсенал.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе