Манчестер Сити оваа недела потврди дека има договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд, Норвежанецот беше еден од најбараните играчи на трансфер пазарот.
Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен исто така се обидуваа да го ангжираат напаѓачот, а според пишувањата на ЕСПН и Челси пројавил интерес, особено минатата сезона, пред да биде купен Ромелу Лукаку.
Сепак, „сините“ решиле да не достават понуда откако скаутите имале одредени прашалници и сметале дека Норвежанецот ќе се мачи во Премиерлигата. Скаутите верувале дека стилот на игра на клубовите од Германија и тоа што одбраната стои високо овозможувало Ерлинг Халанд максимално да ја користи својата експлозивност и сила, но на „островото“ ќе биде сосема друга приказна.
Клубовите во Англија обично се бранат длабоко на својата половина и се игра прилично цврсто во одбрана, па Ерлинг Халанд би можел да има потешкотии во прилагодувањето на новата средина.