Премиерлига

Челси се одлепи на врвот, големи киксови на Ливерпул и Манчестер Сити (ВИДЕО)

Ливерпул одигра само 2-2 против Брајтон, Манчестер Сити на свој терен загуби од Кристал Палас, Челси го победи Њукасл и се одлепи на врвот во Премиерлигата. 

Денешните натпревари од Премиерлигата донесоа две големи изненадувања, се очекуваа лесни победи на Ливерпул и Манчестер Сити, но никој од нив не освои три бода.
 
Ливерпул почна одлично, Хендерсон уште во 4. минута донесе водство од 1-0, а во 24. минута Мане зголеми на 2-0.
 
Десет минути подоцна Мане даде уште еден гол, но погодокот го постигна со рака па ВАР му го понушти. Ототгаш се сменија работите.
 
Мепу во 41. минута намали на 2-1, а Тросар во 65. постигна гол за 2-2. Брајтон во еден моменет се израдува и на комплетн пресврт, но погодок на Тросар во 76. минута беше поништен поради офсајд.
 
Уште полошо помина Манчестер Сити кој на свој терен загуби од Кристал Палас со 2-0. 
 
Заха во 6. минута  Галагер во 88. минута ги постигнаа головите за Кристал Палас. 
 
Лапорте пред крајот на првиот дел заработи црвен картон, а во 60 минута ВАР му поништи гол на Габриел Жесус.
 
Овие резултати ги искористи Челси, победи на гостувањето кај Њукасл со 3-0 и се одлепи на врвот.
 
Рис Џејмс беше двоен стрелец за Челси, еднаш погоди Жоржињо од пенал.
 
Барнли со 3-1 го победи Брентфорд, Саутемптон со 1-0 славеше на гостувањето кај Ватфорд.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе