Првпат Германец на клупата на Челси

Челси потврди, Томас Тухел е нивниот нов тренер

Челси потврди дека Томас Тухел го презема кормилото од Лампард, тој стави потпис на договор со трајност од година ипол со можност да биде продолжен. 

Најавите се остварија, Томас Тухел е нов тренер на Челси, лондонскиот клуб го потврди неговиот ангажман.
 
„Томас Тухел е именуван за нов главен тренер на Челси. Тој стави потписи на 18 месечен договор со можност за продолжување на соработката. Тухел е првииот Германец кој го водел нашиот клуб“, стои во соопштението на Челси.
 
Тухел денеска ќе го има првиот трененинг со играчите на Челси, а утре ќе го води тимот на мечот противи Вулвс од Премиерлигата.
 
„Сакам да му заблагодарам на Челси за нивната доверба во мене и мојот стручен штаб. Сите ние имаме голема почит за работата на Френк Лампард е неговото дело во Челси. Во исто време неможам да дочекам да го запознаам мојот нов тим и ида почнам да се натпреварувам во највозбудливата лига на светот. Благодарен сум што сум дел од фамилијата на Челси, чувството е неверојатно“, вели Тухел.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе