„Сините“ ќе ја стават на тест одлучноста на Борусија

Челси подготвил неверојатни 175 милиони, Халанд не се појави на првата прозивка во Дортмунд

Ерлинг Халанд синоќа не се појави во тренинг комплексот на Борусија Дортмунд и стартот на подготовките за новата сезона, медиумите шпекулираат дека Челси подготвува луда понуда од 175 милиони евра.

Името на Ерлинг Халанд речиси секој ден е дел од трансфер шпекулациите на медиумите, напаѓачот е желба на неколку гиганти ширум Европа.

Синоќа тој требаше да се врати во Дортмунд, да ги направи лекарските прегледи пред почетокот на новата сезона, но не се појави во тренинг комплексот на „милионерите“.

„Ерлинг е веќе во Англија“  - на шега порача спортскиот директор Михаел Цорк.

Останува да се види дали Борусија Дортмунд ќе успее да го задржи Ерлинг Халанд, веќе неколку дена кружат гласини дека Челси подготвува луда понуда.

Наводно „сините“ се подготвени на маса да стават 175 милиони евра и Норвеженецот да стане третиот најскап фудбалер во историјата по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра).

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе