Еден од најдобрите го напушта Стемфорд Бриџ

Челси нема да му понуди нов договор на Канте, ќе го пушти да си оди беспари

Договорот на Нголо Канте со Челси истекува по крајот на оваа сезона, клубот нема да ја продолжи соработката со него. 

И покрај тоа што е еден од најзаслужните фудбалери за последните трофеи, Нголо Канте не доби нов договор од Челси.
 
Причина за таквата одлука на Челси е фактот што Канте често се повредува во последните две години и во клубот сметаат дека не можат веќе да се потпрат на неговите услуги.
 
Во последната титула од Лигата на шампионите која ја освои Челси, Канте беше играч на натпреварот и во двата полуфинални натпревари и во финалето.
 
Тој наводно сака да остане во Лондон, наскоро ќе се знае неговата следна дестинација.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе