Премиерлига

Челси не блескаше, но ги освои трите бода кај Брајтон (ВИДЕО)

Со новите засилувања Челси ги зголеми очекувањата, но тимот на Лампард немаше некоја посебно блескава партија вечерва против Брајтон иако дојде до трите бода победувајќи со 3-1. 

Челси ја оствари целта, со победа ја почна сезоната, совладан беше Брајтон на негов терен со 3-1.
 
Но домаќинот пружи силен отпор, беше статистички подобар речиси во сите елементи освен головите.
 
Хаверц речиси и да не се виде на натпреварот, нешто поактивен беше Веренер, останатите засилувања поради разни причини не настапија на денешниот меч.
 
Резултатот беше отворен во 23. минута кога по фаул врз Вернер, беше досуден пенал за Челси, прецизен од белата точка беше Жоржињо за 1-0.
 
Во 54. минута Тросард го изедначи резултатот на 1-1, но само две минути подоцна Џејмс со прекрасен удар од далечина го врати водството на Челси.
 
Во 66. минута Курт Зума го постави конечниот резултат од 3-1 за Челси.
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе