Лига Европа

Челси не беше „пријатен“ гостин, ја наполни мрежата на Динамо Киев (ВИДЕО)

Челси со убедливи 5-0 победи на гостувањето кај Динамо Киев и со вкупни 8-0 се пласираше во четвртфиналето од Лига Европа, пласман понатаму обезбедија и Наполи и Валенсија.

Челси со убедлива предност од 3-0 го започна реванш натпреварот со Динамо Киев, па Маурицио Сари направи неколку замени во првиот тим, но тие славеа уште поголема победа.
 
Жиру беше главен на теренот постигнувајќи хет-трик, по еден гол дадоа Алонсо и Хадсон Одои.
 
Исклучително возбудливо беше на мечот меѓу Краснодар и Валенсија. Шпанскиот клуб во Русија отпатува со позитива од 2-1.
 
Краснодар даде гол во 85. минута преку Сулејманов и со 1-0 поради гол во гости одеше понатаму. Иако голот беше даден доцна, Русите не издржаа, Валенсија со гол на Гуедеш изедначи на 1-1 и таа патува во четвртфиналето.
 
Наполи загуби на гостувањето кај Салцбург со 3-1, но победата од 3-0 во Италија беше доволна за пласман понатаму.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе