Не сакал да ги изигра законите и чесно си плаќа данок

Челси му предложил на Канте исплата во даночен рај, играчот одбил: Барам само нормална плата!

Нголо Канте се најде во документите од „Фудбал Ликс", играчот на Челси добил предлог да основа офшор компанија во даночен рај каде ќе добива дел од платата, но одбил да ги изигра законите.

Документите од „Фудбал Ликс“ откриваат многу матни зделки во светот на фудбалот и како лицата инволвирани во овој спорт ги заобиколувале правилата за да добијат што повеќе пари и да платат што помалку даноци.

Но има и такви кои сепак решиле да бидат чесни, а еден од нив е Нголо Канте, кој важи за еден од најскромните фудбалери.

Французинот добил предлог да основа офшор компанија и таму да добива дел од платата од „Сините“, односно исплати за имиџ правата. Компанијата била креирана во Џерси, малиот остров во каналот Ламанш, кој важи за даночен рај.

Еден ваков потег ќе му заштедел околу 1 милиони евра на годишно ниво на име на даноци. Сепак, играчот се предомислил и одбил да го потпише документите за формализирање на трансакцијата.

Неговиот финансиски советник го извесил Челси за ова и како причина за одлуката навел дека Нголо Канте се предомислил откако прочитал голем број на стории за истраги кои се водат против играчи и клубови поради затајување на данок. Тој бил загрижен дека може да си направи проблем со даночните власти.

„Нголо одлучи дека не сака да превземе ризик“ – гласи дел од мејлот кој бил испратен до Челси.

Клубот од Стемфорд Бриџ објаснил дека тоа што го прават е легално и дека нема да има никакви последици и проблеми, но и покрај инсистирањето на Челси, одговорот на Канте бил НЕ.

„Канте е нефлексиблен“ – напишал советникот десет дена подоцна. „Бара само нормална плата“.

Двете страни потоа се договориле парите од имиџ правата да бидат исплатени на компанија во Британија, која потоа ќе си плати корпоративен данок. Исто така Канте се согласил да го подели трошокот кој го имал Челси поради тоа што исплатите не биле направени во даночен рај.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе