Промената на тренерот ќе чини нешто над 30 милиони фунти

Челси ќе плати 15 милиони фунти за отказот на Тухел, па уште 16 милиони за ангажман на Потер

„Сините" изминатово лето одвоија рекодни преку 250 милиони фунти на засилувања, а ќе продолжат со трошењето и овој месец, отказот на Томас Тухел и ангажманот на Грем Потер ќе ги чини околу 30 милиони фунти.

Новите сопственици на Челси, предводени од Тод Боли, изминативе месеци потрошија рекордна сума на засилувања и одвоија преку 250 милиони фунти за ангажман на Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали, Марк Кукуреља, Весли Фофана, Пјер Емерик Обамејанг и талентираните Карни Чуквуемека, Чезаре Касадеи и Габриел Слонина.

„Сините“ ќе продолжат да трошат и по по крајот на трансфер периодот откако Тод Боли реши да му даде отказ на Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампиони.

Медиумите од Англија пренесуваат дека на Германецот ќе треба да му се исплатат 13 милиони фунти за предвремен раскин на договорот, а неговите соработници ќе поделат 2 милиони фунти.

Грем Потер се посочува како главен кандидат за тренерското столче, стратегот на Брајтон има откупна клаузула од 16 милиони фунти и се верува дека Челси ќе мора да ја плати оваа сума за да го ангажира.

Па за оштетата на Томас Тухел и неговите соработници, плус сумата за да го ослободи Грем Потер од неговиот договор со Брајтон, Тод Боли ќе треба да одвои 31 милион фунти.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе