„Сините“ добија зелено светло за ангажман на засилувања

Челси ќе може да купува во јануари, Судот за спортска арбитража им ја прифати жалбата!

„Сините" добија зелено светло да пазарт во зимскиот преоден рок откако Судот за спортска арбитража им ја прифати жалбата и ја преполови казната која ја изрече ФИФА.

Светската куќа на фудбалот во декември 2018 им забрани на „сините“ да регистрираат нови играчи два преодни рока поради прекршување на правилата за ангажман на фудбалер од странство кои се помлади од 18 години. Во мај оваа година, ФИФА уште еднаш ја потврди казната откако ја одби жалбата на Челси, па клубот од Стемфорд Бриџ реши правдата да ја бара во Лозана.

Судот за спортска арбитража денеска ја соопшти пресудата, прифатени се аргументите на Челси, казната е преполовина на само еден преоден рок па „сините“ сега ќе можат да купуваат во јануари.

Ваквите вести се добредојдени за Френк Лампард, кој изминативе месеци мораше да се потрпе на неколку играчи од школата како Тами Абрахам, Мејсон Маунт и Фикајо Томори, кои одлично одговорија на предизвикот и прикажаа солидни партии.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе