Се подготвува чистка на Стемфорд Бриџ

Челси ќе го продава Кепа и уште седум други фудбалери

Медиумите од Англија пишуваат дека срамниот пораз од Баерн на Стемфорд Бриџ во Лигата на шампионите ја прелил чашата, Френк Лампард ќе прави чистка и на продажба ќе бидат ставени осум играчи помеѓу кои и најскапиот голман во историјата, Кепа Аризабалага.

„Сините“ минатото лето не можеа да донесат засилувања поради казната од УЕФА, иако забраната за трансфери беше тргната во јануари, ниту едно ново име не пристигна на Стемфорд Бриџ во зимскиот преоден рок.

Но затоа голема реконструкција ќе има по крајот на сезоната. Срамниот пораз од 0-3 против Баерн Минхен ја прелил чашата, па Френк Лампард ќе прави чистка. На продажба ќе бидат ставени осум играчи, помеѓу кои и најскапиот голман во историјата, Кепа.

Шпанецот во вторникот одново ја грееше клубата, Френк Лампард повеќе нема доверба во него и Кепа летоска ќе биде понуден на Атлетико Мадрид како дел од трансферот на Јан Облак.

Ќе има реконструкција и на задната линија, ќе се бара купец за Маркос Алонсо и Емерсон а Бен Чилвел ќе биде главна цел за левата бековска позиција. Курт Зума исто така ќе добие одврзани раце да си пронајде нов клуб.

Рос Баркли не ги исполнува очекувањата па и тој ќе добие шут карта, исто како и Жоржињо, кој беше миленик на претходниот тренер Маурицио Сари. 

На отстрел кај тренерот се и Педро и Вилијан, Челси веќе договори засилување за офанзивата, пристигнува Хаким Зијеш од Ајакс.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе