Италијанецот има одврзани раце да потпише за Јувентус

Челси ќе го ослободи Сари од договорот, стратегот со приватен авион лета за Торино

Медиумите од Италија пренесуваат дека Челси се сложил да го ослободи Маурицио Сари од договорот, стратегот сега треба да потпише за Јувентус и веќе резервирал приватен авион да отпатува за Торино.

Денеска во Лондон, агентот Фали Рамадани имал средба со Марина Грановскаја за да се разреши иднината на Маурицио Сари, кој е желба на Јувентус за наследник на Макс Алегри.

Вечерва пристигна информација дека клубот од Стемфорд Бриџ се сложил да го ослободи Италијанецот од договорот.

Претходно се пишуваше едка Челси бара 5 милиони фунти, односно околку шест милиони евра, и Марина Грановскаја не попушта во преговорите, но според Алфредо Педула, „сините“ се сложиле да го исполнат ветувањето кое му го дале на Маурицио Сари пред неколку недели, па стратегот ќе има одврзани раце да потпише за Јувентус.

Новинарот на Спортиталиа, кој е близок пријател на Маурицио Сари и е прилично добро упатен кога се во прашање вестите поврзани со стратегот, додава дека веќе е резервиран приватен авион со кој тој ќе отпатува во Торино во сабота или недела.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе