Премиерлига

Челси ја забележа најголемата гостинска победа во последните четири години, повторно настрада Барнли (ВИДЕО)

Челси со 0-4 славеше на „Трф Мур" и ја забележа својата нагјголема гостинска победа во Премиерлигата по 2018 годино, интересно и тогаш го совлада Барнли со идентични 0-4.

Челси со цел плен се враќа од гостувањето кај Барнли, избраниците на Томас Тухел се мачеа во првото полувреме, но во вториот дел, за кратко ги решија сите дилеми околу победникот.

Рис Џејмс погоди за 0-1 во 47. минута, пет минути подоцна Хаверц зголеми на 0-2, а истиот играч реализираше по втор пат за 0-3 во 55. минута. Конечните 0-4 ги постави Пулишиќ во 69. минута.

За Челси ова беше најголемата гостинска победа во Премиерлигата по 2018 години, интересно и тогаш салавеше со 0-4 на „Трф Мур“.

На останатите натпревари од 16 часот во Премиерлигата, Астон Вила со 4-0 го совлада Саутемптон, Њукасл продолжува да се искачува на табелата со триумф од 2-1 над Брајтон, Брентфорд со 1-3 славеше кај Норич, а Кристал Палас со 0-2 триумфираше кај Вулверхемптон.

На првиот денешен натпревар, Лестер со 1-0 ја доби пресметката со Лидс.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе