Ракутен Куп

Челси ја совлада Барса во Јапонија, Гризман има среќа што не заработи тешка повреда уште на дебито (ВИДЕО)

Чесли со 2-1 триумфираше над Барселона во рамките на Ракутен Куп, големото засилување Антоан Гризман ги одигра првите минути и имаше среќа што не заработи тешка повреда уште на дебито.

Во Саитама, Челси ја доби пресметката со Барселона и триумфираше со 2-1. За „каталонците“ ова беше прв тест ова лето и шанса за први минути за новајлиите Антоан Гризман, Френки Де Јонг и Нето.

Мешаниот состав на Валверде добро се држеше се до 34. минута, кога Бускетс погреши во опасната зона, топката стигна до Абрахам и младиот напаѓач на Челси го помина Тер Штеген и реализираше за 1-0.

Во продолжението од мечот беа направени многу измени па немаше високо темпо и атрактивен фудбал. За вториот гол се чекаше дури до 81. минута кога Баркли доби малку повеќе простор и прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0. Иван Ракитиќ во првата минута од судиското надополнување ги постави конечните 2-1.

Антоан Гризман, кој на теренот помина 45 минути можеше да заработи тешка повреда откако Жоржињо му влезе невнимателно со отворен ѓон, но за среќа 120 милиони евра вредното засилување помина без последици.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе