Марина Грановскаја зазеде цврст став, на Флорентино Перез нема да му се допадне ова

Челси ја одреди цената на Азар, од Реал бара 130 милиони фунти!

Неколку извори од Англија пренесуваат дека Челси ја одредил цената на Еден Азар и бара 130 милиони фунти и покрај тоа што Белгиецот има само уште една година од договорот.

Еден Азар ги одработува последните денови од авантурата во Челси и се очекува летоска да се пресели во Реал. Л'Екип неодамна објави дека трансферот е договорен, „кралевите“ ќе платат 100 милиони евра и потврда ќе стигне по финалето во Лига Европа.

Но медиумите од Англија велат дека Реал и Челси се уште се немаат договорено. Според „Дејли Мејл“, разликата помеѓу двете страни е 30 милиони евра. Весникот исто така додава дека Еден Азар поставил рок неговиот трансфер да биде договорен за максимум една недела по дуелот со Арсенал (29. мај).

Слична сторија има и „Телеграф“, според кого разликата е далеку поголема доколку во предвид се земат бонусите. Реал не планира да потроши повеќе од 88 милиони фунти (100 милиони евра) додека пак Челси со бонуси бара 130 милиони фунти (околу 147,5 милиони евра).

На оваа тема за Скај Спортс говореше и новинар Кристоф Теро, кој од Лондон известува за неколку медиуми од Белгија. Тој вели дека Реал од поодамна си има подадено рака со играчот, но се уште не може да пронајде заеднички јазик со Челси.

„Реал чека да заврши финалето од Лига Европа за да притисне силно. Мислам дека за кратко време ќе се спојат сите парчиња од сложувалката. За истово се надева и самиот Азар. Тој сака се да биде договорено пред да замине на должност со Белгија, односно 4. јуни. Па да, има одреден краен рок“ - вели Теро. 

„Изминативе две недели немаше никаков напредок во преговорите бидејќи Челси сака да се фокусира само на финалето од Лига Европа. Но во еден момент разликата помеѓу двете страни беше 30 милиони, и тоа без да се земат бонусите во предвид“. 

„Зидан е клучен во зделката, сака да го гради тимот околку Еден Азар и сака што поскоро да го добие, па можеби и тој ќе изврши притисок врз Реал. Можно е Реал да плати повеќе од сумата која им беше на ум во прв момент, односно 100 милиони евра. Токму оваа бројќа ја испраќаа преку весниците кои им се гласноговорцни, имаше стории „се е договорено за 100 милиони“, и покрај тоа што ништо не е договорено“.

„Се обидоа да извршат притисок врз Челси, но во денешно време, ова не функционира“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе