Премиерлига

Челси имаше три негатива, но се спаси од пораз, лошо деби на Тиаго Силва (ВИДЕО)

Вест Бромвич може да жали, имаше водство од 3-0 по првото полувреме и не успеа да го победи Челси кој со гол во судиското продолжение дојде до реми. 

Тимот на Славен Билиќ поведе уште во четвртата минута со гол на Робинсон по асистенција од Переира.
 
Во 25. минута катастрофална грешка на Тиаго Силва која ја искористи Робинсон и со својот втор гол донесе водство за ВБА од 2-0.
 
Само две минути подоцна веќе беше 3-0, Бартли беше стрелец на погодкот.
 
По девет минути игра во второто полувреме Маунт постигна гол и го врати Челси во живот.
 
Во 70. минута по една убава акција, Хадсон Одои постигна гол по асистенција на Хаверц.
 
Течеше третата минута од судиското продолжение кога Абрахам постигна гол за конечни 3-3.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе