Белгиецот испрати порака до „сините“

Челси и Реал го потврдија трансферот, Азар порача: Му благодарам на Абрамович што ми оствари два сона! (ФОТО)

Еден Азар им се заблагодари на сите во Челси а особено на сопственикот Роман Абрамович и додаде дека одлуката била тешка но морал да направи трансфер бидејќи Реал е клубот за кој сонува од мали нозе.

Реал Мадрид и Челси вечерва пренесоа дека го договориле трансферот на Еден Азар. Детали не беа откриени, но речиси сите медиуми пишуваат дека се работи за зделка од 88 милиони фунти која може да порасне на 130 милиони фунти со низа бонуси.

По соопштенијата на двата клуба, се огласи и самиот Еден Азар, кој на социјалните мрежи постираше долга порака.

„До моите пријатели и семејство од Челси

Веќе знаете дека ќе се преселам во Реал Мадрид, не е тајна дека уште како мало дете сонувам да заиграм за овој клуб. Се обидов да не го одвлекувам вниманието, како моето, така и на клубот во овој тежок период на шпекулации, особено во последните шест месеци.

Сега откако клубовите постигнаа договор, се надевам дека ќе разберата дека морав да започнам ново поглавје, исто како што секој од вас треба да го стори тоа кога ќе му се укаже шанса да го оствари сонот. Тоа што заминувам од Челси е мојата најголема и најтешка одлука во кариерата до овој момент. Сега кога се е јасно, сакам да порачам дека уживав и го обожавав секој миг поминат во Челси и во ниту еден момент не помислив, ниту пак ќе заминав во некој друг клуб.

„Челси и особено фановите на Челси секогаш ќе ми бидат специјални, и следната сезона прво што ќе правам е да ги проверам резултатите. Се надевам дека ждрепката ќе не спои во Лигата на шампионите следната сезона, па и секоја наредна, за да можеме повторно да се сретнеме.

За крај, уште едно благодарам до сите во клубот. Во прав момент ќе се збогувам со сите мои поранешни соиграчи, но сега сакам да му се заблагодарам на госпидинот Роман Абрамович и бордот на директори за тоа што ми помогнаа да ми се остварен не еден, туку два сона. Првиот е што станав играч на Челси и вториот е што станав играч на Реал Мадрид.

Ви посакувам на сите многу среќа во иднина

Еден“

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе