Премиерлига

Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултат, „сините“ со 0-3 го добија дербито со Тотнем (ВИДЕО)

Челси продолжува со одличните партии, вечерва избраниците на Томас Тухел славеа со 0-3 на гостувањето кај Тотнем во дербито на Лондон.

Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултати и гол разлика 12-1, вечерва „сините“ со 0-3 си заминаа од гостувањето кај Тотнем.

По прво полувреме без погодоци, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Тијаго Силва скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 0-1.

Во 57. минута, Канте зголеми на 0-2. Французинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од играчите на Тотнем, го смени правецот и заврши во мрежата.

Конечниот резултат беше поставен во последните минути од мечот, Рудигер беше во улога на напаѓач, одлично се отвори да прими топка на 11 метри и биеше прецизно за 0-3.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе