Лига на шампиони

Челси го прегази Јувентус, Барса одигра само реми против Бенфика (ВИДЕО)

Челси со убедливи 4-0 го победи Јувентус и го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, а за таму да се најде и Барселона можеби ќе треба да го победи Баерн во Минхен откако денеска одигра само 0-0 против Бенфика. 

Челси покажа моќна партија во дербито против Јувентус и победи со фантастични 4-0 со што го презема врвот на табелата во групата Х.
 
Резултатот го отвори Чалоба во 25. минута, а со почетокот на вториот дел дојдоа уште два гола, Рис Џејмс и Хадсон Одои погодија за 3-0.
 
Веќе јасно беше кој ќе биде победникот, прашање беше само резултатот, а тој се зголеми на 4-0 во 95. минута кога Тимо Вернер постигна гол и го постави конечниот резултат.
 
Барселона и Бенфика одиграа без голови 0-0. И двете екипи имаа големи шанси за гол, имаа и по еден поништен погодок, но победник немаше.
 
Барселона е втора со седум бода, Бенфика има пет бода на третото место, но она што е проблематично за каталонците е распоредот во последното коло. Тие му гостуваат на Баерн Минхен, а Бенфика дома го пречекува Динамо Киев.
 
Спектакуларен меч одиграа Јанг Бојс и Аталанта кој заврши без победник 3-3. Италијанскиот тим во последното коло во Бергамо ќе треба да го победи Виљареал за да се пласира во осминафиналето.
 
Лил со 1-0 го совлада Салцбург, Малме и Зенит одиграа 1-1, а Севиља со 2-0 беше подобра од Волфсбург.
 
Претходно Манчестер јунајтед со 2-0 го победи Виљареал, а Баерн Минхен со 2-1 го совлада Динамо Киев.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе