Челси ќе игра ново финале против Ливерпул откако вечерва „сините“ славеа против Кристал Палас со головите на Лофтус Чик и Маунт во полуфиналето од ФА Купот.
Челси ќе има прилика да му се реваншира на Ливерпул за поразот во финалето на Лига Купот, Тухел и Клоп ќе имаат нова презметка за трофеј, овој пат во ФА Купот.
„Сините“ обезбедија ново финале откако попладнево на Вембли со 2-0 го совладаа Кристал Палас.
Резултатот го отвори Лофтус Чик во 65. минута од мечот, а десет минути подоцна Маунт зголеми на 2-0 и ја потврди победата.
ФА Куп
Челси го победи Кристал Палас и закажа ново финале со Ливерпул (ВИДЕО)
