Лига Европа

Челси го освои Солун, Николов и МОЛ Види загубија дома од БАТЕ (ВИДЕО)

Челси си замина со три бода од Солун, „Сините" го освоија „Тумба", со голот на Вилијан, Николови и МОЛ Види со пораз пред своите фанови ја отворија групната фаза од Лига Европа.

Челси нанижа уште една победа, по петте триумфи во Премиерлигата, „Сините“ вечерва се радуваа и во Лига Европа. На жешкото гостување на „Тумба“ против Паок, клубот од Лондон стигна до победа од 0-1.

Единствениот гол на мечот беше дело на Вилијан и падна уште на стартот од мечот. По еден брз против напад, Бразилецот го матираше домашниот голман, кој сноси вина за погодокот бидејќи мораше многу подобро да интервенира.

На „Групама“ Арена во Будимпешта, Николов и МОЛ Види загубија од БАТЕ Борисов. Гостите поведоа преку Туоминен во 27. минута, а трите бода ги осигура Филипенко во 85. минута. Нашиот репрезентативец на теренот помина 78. минути

Резултати од мечевите од 19 часот:

Група Г

Рапид Виена – Спартак Москва 2:0
Виљареал – Ренџерс 2:2

Група Х

Лацио – Аполон 2:1
Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Група И

Генк – Малме 2:0
Бешикташ – Сарпсборг 3:1

Група Ј

Акхисар – Краснодар 0:1
Севиља – Стандард 5:1

Група К

Динамо Киев – Астана 2:1
Рен – Јаблонец 2:1

Група Л

МОЛ Види – Бате 0:2
ПАОК – Челси 0:1

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе