Премиерлига

Челси го освои Енфилд, Ливерпул за прв пат во својата историја има пет порази по ред дома! (ВИДЕО)

„Црвените" продолжуваат да уриваат негативни рекорди, вечерва на Енфилд загубија од Челси и за прв пат во својата историја имаат пет порази по ред дома.

Ливерпул пред неколку недели можеше да се пофали со серија од 68 натпревари без пораз на Енфилд. Но избраниците на Клоп влегоа во лоша серија и сега уриваат негативни рекорди.

За прв пат во својата историја, „црвените“ имаат пет порази по ред дома откако вечерва загубија од Челси.

„Сините“ си заминаа од Енфилд со 0-1 и три бода, творец на победата беше Мејсон Маунт. Во финишот на првиот дел, Англичанецот прими топка на работ од шеснаесетникот, си нарави простор покрај Фабињо и прецизно пласираше покрај десната статива за 0-1.

Ливерпул во продолжението од мечот очјано се обидуваше да се врати во игра, но ниту еднаш не го стави Менди на тест. За тоа колку беа лоши избраниците на Клоп говори податокот дека упатија само еден шут во рамките на голот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе