Коронавирусот предизвикал паника кај Французинот

Челси е голем клуб, Канте добил дозвола да не игра до крајот на сезоната

Медиумите од Англија пишуваат дека Нголо Канте добил дозвола од Челси да не игра до крајот на сезоната доколку Французинот смета дека не е безбедно и стравува за сопственото здравје.

Нголо Канте во вторникот се појави во комплексот на Челси, но во средата го скокна тренингот, Французинот смета дека не е безбедно и на својот фитнес работеше дома. 

„Сините“ не само што нема да му прават проблеми, туку му даваат и поддршка. Како што пренесуваат медиумите од Англија, на Нголо Канте му е кажано дека може го пропушти и продолжението од сезоната доколку стравува за сопственото здравје. 

Нголо Канте е клучен фудбалер од средниот ред и сигурно ќе биде голема загуба во битката за топ 4, но Френк Лампард има разбирање. Коронавирусот предизвикал паника кај Французинот, кој имаше одредени здравствени проблеми во 2018 и му се слоши на еден тренинг. 

Исто така, неговиот постар брат таа година почина од срцев удар.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе