Премиерлига

Челси џабе имаше 25 удари кон голот, Барнли си замина со бод (ВИДЕО)

Челси киксна против Барнли на Стемфорд Бриџ, „сините" одиграа само 1-1 и покрај тоа што имаа 70% посед на топка и имаа дури 25 обиди кон противничкиот гол.

Челси неочекувано остана без цел плен против Барнли, домаќините доминираа, има 70% посед на топката, имаа дури 25 обиди кон противничкиот гол, но им недостасуваше завршница па голот на Хаверц од 33. минута на крајот се покажа како недоволен.

Одбраната на „сините“ заспа во 79. минута, Родригез се најде осамен на пет метри, спушти за Видра кој без многу проблеми ја затресе мрежата за 1-1.

На останатите натпревари од 18 часот, Норич со 1-2 го совлада Брентфорд, а Кристал Палас со 2-0 го доби дуелот со Вулверхемптон.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе