Наскоро се очекува промоција

Челси добил „корпа“ од двајца тренери, Тухел бил само трета опција за наследник на Лампард

Томас Тухел се најавува како нов тренер на Челси, но Германецот не бил прва опција, „сините" најпрво стапиле во контакт со Ралф Рангник а потоа и со Јулијан Нагелсман.

Френк Лампард синоќа доби отказ од Челси, клубот од Стемфорд Бриџ реши дека е време за промени и се раздели со својата легенда.

Се шпекулира дека Томас Тухел ќе биде новиот предводник на „сините“ но тој не бил прв избор.

Според „Атлетик“, Челси почнал да се распрашува за нов тренер уште по поразот од Лестер и бил остварен контакт со Ралф Рангник. Искусниот стратег, кој има работено и како спортски директор, сепак го одбил предлогот бидејќи му било понудено да го предводи првиот тим до крајот на сезоната.

Потоа бил остварен контакт и со Јулијан Нагелсман, но „сините“ добиле „корпа“ и од тренерот на РБ Лајпциг.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе