Легендарниот голман се пензионира

Чех објави крај на кариерата, ја игра последната сезона

Легндарниот чешки голман, Петр Чех објави дека ќе се пензионира по завршувањето на оваа сезона.

36-годишниот голман кој четири пати ја освои Премиерлигата и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите со Челси, објави дека ќе стави крај на кариерата по крајот на сезоната.
 
„Ова е моја 20. сезона како професионален играч, поминаа 20 години откако го потпишав првиот професионален договор, па сметам дека е вистинско време да објавам дека ќе се пензионирам по крајот на сезоната“, вели голманот на Арсенал, Петр Чех.
 
„Играјќи 15 години во Премиерлигата и освојувајќи го секој можен трофеј, мислам дека постигнав се што си поставив како цел“.
 
„Ќе продолжам да работам напорно во Арсенал надевајќи и се надевам дека ќе освојам уште еден трофеј оваа сезона, а потоа ќе видам што ми носи животот надвор од теренот“.
 
Чех во Челси пристигна летото 2004 година од Рен како засилување на тогаш новиот тренер на сините, Жозе Мурињо.
 
Голманот стана легенда на Челси со 494 мечеви во сите натпреварувања и ги освои сите трофеи паралелно рушејќи и индивидуални рекорди.
 
Во 2015 година се пресели во Арсенал за кој има преку 100 настапи и го освои ФА Купот во 2017 година.
 
И оваа сезона беше број еден голман, но работите се сменија кога се повреди против Ватфорд, отогаш Бернд Лено застана на голот и го зема местото на Чех кој сега брани само во куповите.
 
Дел од фановите на Челси ќе можат да се збогуваат со Чех во сабота кога тие му гостуваат на Арсенал на Емирати.
 
Чех веќе се пензионираше од репрезентативниот фудбал, тој е репрезентативецот на Чешка со најмногу настапи во историјата, вкупно 124.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе