Се подготвува за враќање на Камп Ноу

Чави сака да седне на клупата на Барселона но постави неколку услови

Легендата на „каталонците", Чави вели дека тој и неговиот тим се подготвуваат за клупата на Барселона и навестува дека сака да се врати на Камп Ноу во 2021 година.

Чави во јануари доби понуда да го замени Ернество Валверде, но тренрот на Ал Сад го одби предлогот. Барселона тогаш мораше да бара алтернативи и го ангажираше Кике Сетиен, но се чини дека неговите денови се одбројани и тешко дека ќе продолжи по крајот на сезоната.

Па медиумите одново шпекулираат со името на Чави. Легендата на клубот вели дека се подготвува за тренерското столче на Барселона но постави услови, сака да започне свој проект и да има поголемо влијание во носењето на одлуки во клубот. Исто така навести дека планот е да се врати во 2021 година, кога има избори за нов претседател.

„Најголем сон ми е да станам тренер на Барса и да ја вратам Барса на победнички патеки. Не јас да се вратам на победите, туку овие играчи и Барса да победуваат. Па затоа јас и мојот тим се подготвуваме за клупата на Барса и тоа не прави возбудени“ – вели Чави.

„Јас сум човек од клубот. Би сакал да се вратам во прав момент и да започнам мој проект од нула. Кажав во неколку наврати, но еве ќе повторам и сега, сакам моќ да носам фудбалските одлуки. Јасно е дека по изборите ќе има терен за вакво сценарио. Не отфрлам ништо“.

„Добив понува во јануари, разговаравме... Но им кажав дека околностите и тајмингот не се прави. Се надевам дека ќе ми се укаже втора шанса“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе