Креирана е листа со желби

Чави прави голема реконструкција, во Барса пристигнуваат 7-8 нови имиња

Новинарот Жозеп Алварез во емисијата „Ел Чирингито" пренес дека Чави сака да направи голема реконструкција во летниот преоден рок и на Камп Ноу да пристигнат 7 до 8 нови фудбалери.

„Каталонците“ сезонава играат под очекувањата, ниту Чави не успеа драстично да го подигне нивото, па стратегот сака да направи голема реконструкција по крајот на сезоната.

Во емисијата „Ел Чирингито“, новинарот Жозеп Алварез пренесе дека стратегот сака да донесе нов голман, два бека (лев и десен), централен дефанзивец, двајца фудбалери од средниот ред и двајца напаѓачи.

Се очекува Нето да ја напушти Барселона и да биде вратен Ињаки Пења, кој има одлична сезона на голот на Галатасарај. За десната бековска позиција, практично е договорен Сезар Аспиликета од Челси, а за левата, во напредна фаза се преговорите за ангажман на Маркос Алонсо, додека пак Грималдо од Бенфика и Гаја од Валенсија се алтернативни доколку пропадне зделката за ангажман на играчот на Челси.

Андреас Кристенсен од Челси е договорен како засилување за централниот дел на одбраната, а има договор и со Франк Кеси од Милан, кој ќе биде засилување за средниот ред.

Рубен Невеш од Вулверхемптон е на агендата, но Португалецот е само опција доколку Френки де Јонг биде продаден.

Што се однесува до нападот, Рафиња од Лидс и Роберт Левандовски од Баерн Минхен се на листата со желби.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе