Сонот останува, но сега е прерано

Чави откри зошто не ја прифатил понудата од Барселона

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави не сакаше да биде наследникот на Валверде, сега открива зошто ја одбил понудата. 

Откако одлучи да се раздели со Валверде, Барселона тренерското место му го понуди на Чави, но тој одби. Тој останува да биде тренер на Ал Сад во Катар.
 
„Да, добив понуда од Барселона, Ерик Абидал ми ја донесе тука во Доха. Не ја прифатив, мислам дека е прерано да бидам тренер на Барса, но тоа останува мојот сон, сакам во иднина да бидам тренер на мојот поранешен клуб“, изјави Чави.
 
„Кога ја добив понудата прво им соопштив на мојата фамилија и после на фудбалерите на Ал Сад. Тие беа информирани за се, за време на тие три дена не бев во мојата најдобра позиција, но сега комплетно сум фокусиран на Ал Сад“.
 
„Ми се допаѓа новиот тренер на Барселона, го сакам неговиот начин на работа и се надевам дека ќе биде успешен“.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе