Младиот напаѓач доживеа нов пех

Чави откри каква е ситуацијата на Ансу Фати

Тренерот на Барселона, Чави потврди дека Ансу Фати ја обновил повредата на бутниот мускул на левата нога, во понеделник ќе има нов состанок на кој ќе биде одлучено дали фудбалерот ќе направи операција.

Ансу Фати доживеа нов пех против Атлетик Билбао во Копа дел Реј, Чави денеска потврди дека се работи за истата повреда поради која напаѓачот паузираше два месеци и само што се врати на терените.

Се говори за можноста Ансу Фати да биде опериран и да паузира подолго време, конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.

„Ансу е разочаран, се работи за тешка ситуација, во понеделник ќе имаме нова средба и ќе донесеме одлука. Веќе разговаравме со неговото семејство, ситуацијата е тешка се работи за обнова на повредата“ – вели Чави.

„Докторите ми кажаа дека може да одигра 30-35 минути, плановите ги поремети тоа што мечот отиде во продолженија. Го прашавме дали се чувствува добро и дали може да продолжи, тешко се контролираат ваквите работи“.

„Ќе се обидеме да креираме специфичен план за тој никогаш повеќе да не се повреди и да биде 100% фит. Во понеделник ќе седнеме на маса со докторите, со неговото семејство и ќе видиме што треба да се прави“.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе