Барселона

Чави: Еден ден би сакал да бидам тренер на Барселона

Легендарниот играч на Барселона, Чави Хернандез би сакал еден ден да стане и тренер на шпанскиот гигант, но сака во дел од тренерската кариера да работи и во Премиерлигата. 

Чави ги прави првите чекори во тренерската кариера со Ал Сад од Катар, клубот каде ги помина последните четири години како фудбалер.
 
Чави работи таму, но мисли на Европа, не крие дека еден ден сака да биде тренер на Барселона.
 
„Не кријам, мојата цел е да се вратам во Европа и да се вратам во Барселона, тоа е мојот предизвик, но се уште учам во овој проект и уживам во него“, вели Чави.
 
„Исто така имав желба да бидам фудбалер на Барселона и ми се оствари“.
 
„Тренирањето на таков тим би било привилегија, најголемата привилегија за мене би било да се вратам во Барселона“.
 
Но, Чави не отфрла ниту работа во Премиерлигата.
 
„Враќањето во Барселона е моја цел, но кој не би сакал да работи во Премиерлигата? Фудбалската атмосфера, стадионите и луѓето кои играат во Премиерлигата се исклучителни“.
 
„Јасно е дека ако треба да бирам, би одбрал голем тим како Сити или Јунајтед, Челси, Арсенал или Тотнем“.
 
„Гвардиола е најдбриот тренер во светот, а јас сум новајлија. Споредбата помеѓу мене и него како фудбалери е океј, но не можеме да се споредуваме како тренери“.
 
„Заљубен сум во фудбалот на Гвардила. Сега почнав да работам како тренер, и гледам различни методологии“.
 
„Можете да победувате играјќи фудбал на различни начини, но ми се допаѓа оној на Сити и на Гвардиола највеќе. Многу ја следам Премиерлигата и ми се допаѓа“.
 
„Гвардиола е пример за мене. Како играч секогаш бил пример бидејќи игравме на иста позиција, поминавме три години заедно во Барселона како играчи и потоа четири години ми беше тренер“.
 
„Тој е фантастичен, бара многу, пасиониран е, има опсесија, затоа е толку добар. Научив многу од него и уживав додека играв за него“.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе