Барселона е на чекор до нова елиминација во Лигата на шампиони откако во средата одигра 3-3 против Интер.
По крајот на натпреварот, Жоан Лапорта имал средба со Чави, и според пишувањата на АС, претседателот потсетил дека неуспехот да се помине групната фаза е голем чекор назад, како на спортски, така и на економски план.
Првиот човек на Барселона исто така поставил минимална цел за оваа сезона, и без ЛШ, главниот фокус е на Ла Лига. Секој друг трофеј плус е добредојден, но титулата од првенството на Шпанија е апсолутен приоритет.
АС исто така додава дека Чави дал три оправдувања за лошиот настап во ЛШ, односно повредите на клучни играчи во одбраната како Араухо и Кунде, лошите судиски одлуки во Минхен и особено во Милано, и недостигот на лидерство, односно капитените не одиграле на ниво кога најмногу било потребно.