Турчинот ја одработува последната година од договорот

Чалханоглу прави предавство, фудбалерот на Милан понуден на Интер?!

Хакан Чалханоглу би можел да направи големо предавство и да го замени Милан со лутиот градски ривал Интер, според пишувањата на Тутоспорт, Турчинот бил понуден на „нероаѕурите".

Хакан Чалханоглу ја одработува последната година од договорот со Милан, се водат преговори за продолжување на соработката, но има голема разлика помеѓу понудата и побарувачката.

Турчинот во моментов заработува 2,5 милиони евра годишно и за да остане верен бара речиси три пати повеќе, односно 6,5 милиони евра, сума која „росонерите“ не помислуваат да ја платат.

Преговорите внимателно ги следат неколку клубови како Јувентус и Атлетико Мадрид, кои во јануари ќе можат да му понудат пред-договор и следното лето да го донесат во своите редови за беспари.

Денешното издание на Тутоспорт пак пишува за големо предавство, Хакан Чалханоглу да го замени Милан за лутиот градски ривал Интер.

Агентот на Турчинот остварил контакт со лидерите на „нероаѕурите“ и ги понудл својот клиент на Интер.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе