Интер

Чалханоглу: Фановите на Милан сè уште ме сакаат, бараат да се сликаат со мене

Хакан Чалханоглу вели дека иако направил трансфер во ривалот Интер, навивачите на Милан се уште го почитуваат.

Чалханоглу ова лето како слободен играч од Милан се пресели во Интер и стана предавник за голем број од росонерите, но Турчинот вели дека има и такви кои го сакаат.

„Сум се сретнал со многу фанови на Милан бидејќи често со мојата фамилија јадеме во ресторан. Тие бараат да се сликаат со мене и велат дека ме сакаат. Не сум имал проблем со никој во Милан, се уште сум во контакт со моите поранешни соиграчи“, вели Чалханоглу.

„Ако постигнам гол во дербито со Милан, ќе го правам тоа што вообичаено го правам“.

„Поминав четири добри години во Милан, имам многу пријатели таму. Имаше и тешки периоди, но последните две сезони беа подобри од првите две“.

„Не бев изненаден кога Интер ме повика. со моите квалитети знам дека можам да им помогнам, никогаш не помислив дека можам да останам без клуб“.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе