Трансферот пропадна во 5 до 12

Чалета Цар тргнал да потпише со Ливерпул, но бил вратен од аеродромот!

Последниот ден од зимскиот преоден рок носи болна приказна за Дује Чалета Цар, Хрватот требал да се пресели во Ливерпул, но зделката пропаднала во последен миг и наместо да се качи во приватен авион, тој се вратил во Марсеј.

Ливерпул очајно работи на ангажман на нов дефанзивец, Јирген Клоп и неговите соработници го идентификувале Дује Чалета Цар како идеално засилување а раководството на клубот почнало преговори со Марсеј.

Се одело добро, па Хрватот синоќа се упатил на аеродром каде го чекал приватен авион со кој требал да отпатува во Манчестер, а потоа со автомобил до Ливерпул.

Сепак, ништо од трансферот. Марсеј во 5 до 12 се повлекол од преговорите поради тоа што не можел да најде соодветна замена и на Дује Чалета Цар му било кажано да се врати назад.

Ливерпул сега се насочува на други цели, се верува дека е договорен Бен Дејвис од второлигашот Престон и се работи на уште една друга зделка.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе