Артета го избркал од тимот

Чаламот против Брајтон скапо го чинеше, Гендузи тренира сам со фитнес тренер

Микел Артета го исфрлил Гендузи од првиот тим на Арсенал поради неговото однесување на мечот против Брајтон.

Гендузи по мечот против Брајтон влезе во физичка пресметка со противничкиот играч Мопе. Тој во текот на мечот ги навредувал фудбалерите на Брајтон велејќи им дека се обично срање и дека можат да сонуваат за парите кои тој и неговите соиграчи од Арсенал ги заработуваат.

Ваквото однесувањето на Гендузи не му се допадна на Микел Артета кој веднаш го отстрани неговиот играч од првиот тим.

„Мирор“ пишува дека Гендузи сега тренира сам со фитнес тренерот на Арсенал.

Артета планирал казната за Гендузи да биде за помал период, но фудбалерот одбива да се извини за неговото однесување и продолжува да создава проблеми.

Голема е веројатноста настапите на Гендузи за Арсенал да се завршени и тој да биде продаден во летниот преоден рок.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе