Според шпанските медиуми

Чаби Алонсо ќе биде „десна рака“ на Пеп Гвардиола?

Пеп Гвардиола е во потрага по асистент откако Микел Артета замина во Арсенал, шпанските медиуми шпекулираат дека изборот паднал на Чаби Алонсо. 

Пеп Гвардиола веќе некое време е во потрага по нов асистент. По заминувањето на Доменек Торент во Њујорк Сити пред повеќе од една година, и на Микел Артета во Арсенал на средината на сезоната, во Манчестер Сити фали помошник тренер.
 
Во меѓувреме позицијата на помошник ја има Родолфо Борел, но тоа е привремена опција.
 
Се шпекулира дека Пеп Гвардиола на клупата до него сака да го стави Чаби Алонсо кој во моментов е тренер на вториот тим на Реал Сосиедад.
 
Чаби Алонсо и Пеп Гвардиола многу добро се познаваат од времето во Баерн Минхен. Алонсо за Гвардиола рече дека тој му бил најдобриот тренер.
 
И Артета е уверен дека Алонсо ќе биде добар тренер во иднина, тој на својот твитер профил напиша: „Знам дека тој ќе биде тренер некогаш. Сега работи со вториот тим на Реал Сосиедад и ќе биде голем тренер во иднина, сигурен сум“. 
 
Најдобрите денови од својата фудбалска кариера Чаби Алонсо ги помина во Ливерпул и Реал Мадрид, во двата клуба помина по пет години. Кариерата ја почна во Реал Сосиедад, а ја заврши во Баерн Минхен.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе