Серија А

Цел меч за Елмас во убедлива победа на Наполи (ВИДЕО)

Наполи со 4-0 славеше на гостувањето кај Удинезе и по четири кола е осамен на врвот, Елиф Елмас го одигра целиот натпревар. 

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Наполи во нивната четврта победа оваа сезона, само тие се тим со перфектен учинок.
 
Резултатот беше отворен во 24. минута кога Инсиње убаво лобуваше, а Осимен само ја допре топката на гол линијата за водство на Наполи од 1-0.
 
Десетина минути подоцна, прекрасна акција од слободен удар на Наполи која со гол ја реализира Рахмани за 2-0.
 
По седум минути игра во вториот дел, Кулибали со прекрасен гол зголеми на 3-0, а во финишот од мечот мајсторска реализација имаше и Лозано за конечни 4-0.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе