Стигна цехот за критиките кои тренерот ги упати кон сопственикот

Бурното лето во Валенсија ја донесе првата жртва, отказ доби тренерот Марселино

Марселино Гарсија Торал е жртвата на бурното лето во Валенсија, сопственикот Питер Лим реши да му врачи отказ на тренерот по само три кола во новата сезона.

Падна и првата тренерска жртва во Шпанија, Марселино Гарсија Торал е разрешен од функцијата тренер на Валенсија. Со ова кулминираше хаосот кој владее на Местаља неколку месеци.

Проблемите настанаа околу настапот на трансфер пазарот. Сопственикот Питер Лим се судри со генералниот директор Матеу Алемани по одлуката Санти Мина да биде испратен во Селта и да бидат доплатени 14,5 милиони евра за ангажман на Макси Гомез. Се шпекулираше дека агентот Жорж Мендеш, кој е многу блисок со Питер Лим, сакал да го продаде Санти Мина во Премиерлигата за убави пари.

Потоа настана недоразбирање помеѓу газдата и тренерот Марселино Гарсија Торал. Причина е младиот фудбалер од Јужна Кореа, Канг-ин Ли. Марселино сметал дека најдобро е играчот да биде испратен на позајмица бидејќи на Местаља нема да има минутажа. Но Питер Лим го игнорирал тренерот и наредил Канг-ин Ли да остане во првиот тим.

Следеше кавга и за трансферот на Рафиња од Барселона. Матеу Алемани го договори фудбалерот за околу 10 милиони евра и верувал дека тоа е одлична зделка. Сепак, Питер Лим ставил вето на трансферот бидејќи Бразилецот имал многу повреди.

По ваквиот развој на настаните беше одржан кризен состанок помеѓу Питер Лим и Матеу Алемани во Сингапур, висеше во воздух работата на генералниот директор, но двете страни сепак ги испеглаа недоразбирањата и продолжија заедно.

Но во август се случи нова бура. Питер Лим со Мигел Анхел Гил од Атлетико договори трансфер на Родриго во Мадрид. Напаѓачот си го испразни шкавчето и два дена не тренираше, за да следува пресврт и да остане на Местаља.

По почетокот на сезоната, Марселино во неколку наврати се пожали за случувањата, па денеска тој доби клоца од газдата Питер Лим. Бизнисменот итно го повика претседателот на Валенсија, Анил Марти во Сингапур и му наредил да го избрка стратегот.

Дека му се спрема отказ на состанок во Сингапур, тренерот дозна од пишувањата на медиумите, а откако на сите им беше јасно, Валенсија испрати кратко соопштение со кое официјално ја потврди разделбата.

Кормилото на „Лос че“ го превзеде поранешниот селектор на младата репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе