Успехот на Биелса беше тоа што го внесе Лидс во Премиерлигата, но според Вилаш Боаш тоа не е доволно за тој да биде номиниран за најдобар на годината, има други тренери кои заслужуваат повеќе.
„Биелса мора да освои некој трофеј во кариерата за да биде кандидат. Да биде меѓу петте кандидати за наградата тренер на 2020? Зошто? Поради освојување на Чемпионшип? Тоа е скандал!. Томас Тухел освои четири трофеи со ПСЖ и играше финале во Лигата на шампионите а не е на листата“, вели Вилаш Боаш.