Проблеми за „старата дама“

Бунт во соблекувалната на Јувентус, соиграчите му го свртеле грбот на Роналдо

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Кристијано Роналдо е изолиран во соблекувалната на Јувентус, соиграчите веруваат дека раководството на клубот му дава преголема слобода на ЦР7.

Кристијано Роналдо е прва ѕвезда на „старата дама“ и најдобар поединец оваа сезона, но неговото однесување придонело за проблеми во соблекувалната.

Како што пренесува Газета дело Спорт, односот на ЦР7 со играчите не е ист како пред неколку месеци и Португалецот е изолиран. Многу фудбалери на Јувентус сметаат дека клубот му дава преголема слобода на напаѓачот.

Вестите следат откако ЦР7 по поразот од Милан, наместо да се појави на тренинг, беше во посета на фабриката на Ферари во Маранело во придружба на претседателот Андреа Ањели и првиот човек на Ексор, Џон Елкан.

Наводно не било прв пат Кристијано Роналдо да пропушти тренинг поради обврски кон спонзорите и многу негови соиграчи веруваат дека не е фер што тој добива поинаков третман од другите.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе