Неговиот настап е неизвесен

Бугарски фудбалер кој требаше да игра против Македонија, учествувал во вооружена престрелка

Бугарскиот репрезентативец, Ѓорѓи Јомов кој се најде на списокот за натпреварот со Македонија кој ќе се игра на 2 јуни, утринава е приведен поради учество во инцидент во кој е пукано со пиштол. 

Ѓорѓи Јомов наместо да се подготвува за престојниот дуел со Македонија во Лигата на нации, тој заврши зад решетки.
 
Според бугарските медиуми, тој бил приведен и дал исказ за инцидентот во кој имало пукање од огнено оружје.
 
Немилиот настан се случил откако неговиот брат влегол во кавга со непознати момчиња, по што се вклучил и нивниот татко кој почнал да пука со пиштол. Од пукањето биле повредени две лица од кои едниот потешко.
 
36-годишен маж добил прострелни рани во нозете и загубил многу крв поради што е во животна опсаност. Вториот маж кој има 26 години, не е во критична состојба.
 
Братот и таткото на Јомов се во бегство, а нејасно е колку и дали ќе биде задржан фудбалерот во притвор.
 
Ѓорѓи Јомов е член на ЦСКА Софија, за бугарската репрезентација има десет настапи и два гола.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе