По големиот скандал кој се случи во Софија

Бугарската полиција почна да апси, четворица приведени поради расистички навреди

Бугарската полиција уапси четворица луѓе за кои се верува дека се дел од лицата кои упатувале навреди на расна основа кон англиските фудбалери. 

Победа од 6-0 на Англија против Бугарија во Софија беше засенета од расизмот и нацизмот на трибините на стадионот од страна на домашните навивачи.
 
Натпреварот два пати беше прекинуван поради тоа, се очекува УЕФА ригорозно да ја казни Бугарија поради настаните.
 
Бугарија почна да превзема конкретни мерки за расчистување на скандалот. Информациите од таму велат дека полицијата уапсила четворица кои се сомничат дека се дел од оние кои упатувале расистички навреди кон англиските фудбалери. Се очекува акцијата да продолжи и бројот на приведени да се зголеми.
 
Синоќа првиот човек на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов си поднесе оставка откако премиерот Бојко Борисов го побара тоа од него.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе