Политиката се меша во спортот

Бугарите не сакаат да играат пријателски со Македонци, откажан е мечот меѓу Пирин и Скопје

Навивачите на Пирин од Благоевград побараа од раководството на клубот да го откаже пријателскиот натпревар против Скопје, барањето им е прифатено. 

Фото: ФК Пирин
Навивачите на Пирин сметаат дека во Македонија се врши репресија врз нивниот народ, тие бараа да не играат со Македонци, велат дека за нашата земја треба само вето, санкции и целосно игнорирање.
 
„За нас е неприфатливо да играме пријателски меч со Скопје поради неодаманешните настани во РСМ. Ширењето омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и народот со бугарска самосвест мора да има свои последици. Нашите браќа од западот мора да разберат дека Бугарија и Бугарите не им се непријатели. Како и да е, подмолното и лицемерно однесување на граѓаните и институциите во Македонија мора да се санкционира. Токму затоа, ние навивачите на Пирн застануваме зад Бугарите во РСМ како знак на солидарност и со оглед на репресијата која тие ја трпат, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и комплетно игнорирање додека не научат да не почитуваат“, се вели во соопштението на навивачите.
 
Управата на ФК Пирин го прифати барањето на фановите и го откажа натпреварот против Скопје.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Пирин

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе