Јувентус

Буфон: Со доаѓањето на Роналдо, Јувентус го загуби тимскиот дух

Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон смета дека Кристијано Роналдо не влијаел позитивно на италијанскиот тим. 

Јувентус се надеваше дека со Кристијано Роналдо ќе ја освои Лигата на шампионите, но тоа не се случи. Португалецот имаше одлична голгетерска статистика, но Буфон смета дека тој го урнал тимскиот дух.
 
„Јувентус имаше можност да ја освои Лигата на шампионите во првата година кога тој пристигна, тогаш јас бев во Париз“, вели Буфон.
 
„Не можам да кажам што се случи. Кога се вратив, работев со Кристијано две години и нашиот однос беше добар, но мислам дека Јувентус ја загуби својата ДНК како тим“.
 
„Кога стигнавме во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година, тоа се случи бидејќи работевме како едно, како тим“.
 
„Имаше конкурентност за позициите во тимот, се бореа сите за да се најдат во стартните 11. Со Кристијано Роналдо го загубивме тоа“.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе